Во Грција направени над 40.000 тестови за коронавирус за 50 дена

Од:

За помалку од два месеца, мобилните тимови на Националната служба за јавно здравје на Грција направиле 41.785 тестови, објави денес министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас преку неговиот официјален профил на Твитер.

„Во рок од 50 дена, мобилните групи на Националната служба за јавно здравје во 2.449 случаи земаа 41.785 примероци. Продолжуваме со интензивно земање примероци по случаен избор, засновани на научниот план и со цел дополнително зајакнување на чувството на здравствена безбедност за сите нас,“ напиша министерот.

Мобилните единици, во соработка со невладини организации, меѓу другото, спровеле и тестирања на локалното население на повеќе мали и оддалечени грчки острови во пресрет на туристичката сезона.

Според официјалните податоци, од почетокот на епидемијата заклучно со вчера,  во Грција се направени вкупно 283.146 тестови, регистрирани  се 3.266 позитивни случаи на Ковид-19, а починаа 190 лица.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он