Во голема акција на Балкан уапсени 50 дилери

Од:

Меѓународна акција за откривање на дилери на наркотички средства се спроведува во Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија. Во Дубровник со некои случаи се поврзани и спортисти и угостители.

Полициските служби во регионот утрово започнаа голема меѓународна акција за притворување на припадници на меѓународени организирани криминални групи и наркодилери.

Како што јавуваат медиумите, за сега во државите се приведени 50 осомничени дилери. Во акцијата се уапсени 10 лица, во Улцињ, Бар, Подгорица, Никшиќ и Цетиње.

Хрватските медиуми јавија дека контроли се вршат во Дубровник и Загреб. Полицијата во Хрватска се уште не сака да зборува за детали од акцијата.

Министерот за внатрешни работи на РС, Радослав Јовичиќ потврди дека акцијата се спроведува во СР, Србија, Хрватска, Црна Гора и Албанија.

Портпаролот, Мирна Шоја изјави дека во акцијата се запленети вкупно 350 килограми сканк, пола килограм хероин и голема количина на оружје и експлозиви.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот