Албанските царински службеници во пристаништето во Драч открија и запленија 422 килограми марихуана скриена во автобус со тирански регистарски таблички, јави дописникот на МИА од Тирана.
Дрогата била отриена синоќа кога автобусот со патници бил на втората линија на царинсата контрола. Истата била скриена во делот кај шасијата. Полицијата го уапси возачот на автобусот.
Крајната дестинација на дрогата била Италија.
Ова е втора поголема запленета пратка на марихуана во изминатите денови во Драч. Претходно во македонски камион со скопски регистарски таблички, кој транспортирал конзерви со риба, беа откриени и запленети над 835 килограми марихуана. Истата била по потекло од источните земји, во Албанија влегла преку преминот „Ќафасан“ и требало да продолжи за Италија.
Во други, одделни акции албанската полиција во изминатата недела има запленето најмалку 300 килограми марихуана, кои албански граѓани во помали количини од 40 до 70 килограми се обиделе да ги прошверцуваат кон Италија или кон Грција.