Во дел од Букурешт граѓаните добиваат по 1.800 евра за уништување стар автомобил

Од:

Градските советници во Букурешт денеска одобрија проект за обезбедување 5.000 еко-ваучери во вредност од 9.000 леи (1.883 евра) секој во замена за уништување на стар автомобил.

На почетокот на состанокот, градоначалничката на Букурешт, Габриела Фирија истакна дека мерката е насочена пред се за лица кои имаат постојана адреса во центарот на Букурешт и кои поседуваат стари автомобили.

Таа прецизираше дека ваучерите можат да се користат за купување на еколошки автомобил или апарати за домаќинство. Градоначалничката додаде дека приоритет за добивање ваучери ќе имаат жителите на централниот дел на градот, но доколку нема доволно волја, ќе можат да имаат корист и од жителите на другите населби.

Фирија истакна дека тоа е втора фаза од програмата за поттикнување на отстранување на стари возила од сообраќајот на Букурешт, при што минатата година беа предадени 4.000 вакви ваучери од предвидените 5.000 во првата фаза од програмата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген