Во полициската акција „Колосек“ утрово се уапсени 16 лица поради сомнение дека организирале криумчарење на луѓе, објави Радио телевизија Црна Гора.
Како што е прецизирано, од уапсените 16 лица, 11 се лишени од слобода во Подгорица, а петмина во Рожај.
Уапсените се товарат за извршување кривично дело криумчарење луѓе на организиран начин, пренесува РТЦГ од извори во полицијата.