Во Бугарија ќе се истражува корупција помеѓу функционери

Од:

Властите во Бугарија, по критиките на ЕУ, поради досегашниот пристап на корупцијата во државата, соопштија дека ќе формираат тело кое ќе ги истражува случаите на корупција помеѓу највисоките официјални лица.

Како што пренесе „Франс прес“, новото тело ќе ги разгледува пријавите на приходи и имот како и евентуалните судири на интереси за околу 6.000 официјални лица и дека ќе бидат разгледани и кривични дела, кои ги извршиле поранешни официјални лица, соопштила заменичката на премиерот Меглена Кунева.

Според проценките на софискиот Центар за демократски студии во 2014 година, корупцијата била најзастапена во последните 15 години. Податоците покажуваат дека минатата година имало 158.000 случаи на давање мито месечно, пренесе „Франс прес“.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална