Просечната цена на работната рака во економијата на ЕУ во текот на 2012 година (со исклучок на земјоделието и јавната администрација) изнесувала 24,2 евра, а во еврозоната – 29,3 евра, покажуваат податоците на Евростат.
Поголеми разлики, меѓутоа, постојат меѓу одделните земји членки, па така, цената на работната рака во Бугарија е најниска во цела ЕУ и изнесува 3,4 евра на час, додека во Данска таа е највисока и изнесува 40,1 евра.
Во Романија цената на работната рака просечно изнесува 4,1 евра.
Положбата е речиси иста и во производствениот сектор, каде Бугарија и Романика, исто така, се наоѓаат на крајот од редот (соодветно со 2,8 евра и 3,7 евра на час), а на почетокот на листата се Белгија со 42 евра и Шведска со 41,4 евра.
Во сите земји на ЕУ најскапа е работната рака во финансискиот сектор и осигурувањето, а во Романија таа изнссува 136 отсто над просечната во земјата.