Во Брисел состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ и на Западен Балкан

Од:

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска ќе се сретнат во Брисел на редовен мајски Совет на ЕУ, со прва точка на дневниот ред на состанокот размена на мислења за Западен Балкан и влијанието на војната во Украина врз тој регион.

Од Советот на ЕУ се истакнува дека идејата е заедно со нивните колеги од Западен Балкан да се разгледа влијанието на „руската агресија“ врз регионот.

Европската служба за надворешни работи изготви стратешки документ што беше дистрибуиран до земјите-членки пред состанокот, во кој се претставени начини како ЕУ да ја помогне и поддржи отпорнoста на Западниот Балкан и да се решат последиците од „руската агресија врз Украина“.

„Западниот Балкан е силно погоден, почнувајќи од економскиот, политичкиот, дипломатскиот, комуникацискиот и безбедносниот сектор. Мораме да работиме на нивната издржливост бидејќи сите тие се на наша страна. Сите тие ја отфрлија руската агресија и тие се наши партнери и по тоа прашање“, се наведува во Советот на ЕУ.

Шефовите на дипломатиите од Западен Балкан ќе разговараат за конкретните проблеми на секоја земја, можната поддршка и соработка, но и за степенот на усогласеност со политиката, акциите и санкциите на ЕУ.

„Ги разбираме различните позиции на земјите од регионот, но работиме на стопроцентно усогласување со ЕУ по однос одговорот на војната во Украина“, заклучува Советот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ