Во Босна и Херцеговина преброени гласовите од изборите, потврден случај на кражба

Од:

Поради сомневања за нерегуларности, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина донесе одлука за пребројување на гласовите од голем број избирачки места каде граѓаните во неделата одлучуваа за новата влада и најмалку еден случај на кражба на гласови од кандидатот на опозицијата за претседател на Република Српска веќе е потврден.

Со одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) беа прифатени повеќе од 200 барања за отворање на кутиите во кои се чуваат гласачките ливчиња по пребројувањето на избирачките места. Како што е објаснето, тоа ќе се направи со цел „правилно да се консолидираат утврдените резултати“.

Воедно, се потврди дека постои основа за тврдењата на опозицијата во РС дека е украдена нивната кандидатка за претседател Јелена Тривиќ. Претседателот на локалниот избирачки одбор пред телевизиските камери призна дека сите гласови што ги освоила Тривиќ во неговото село лично ги препишал на друг кандидат.

„Внесов податоци за Зоран Калиниќ, кој беше над Јелена на списокот, наместо неа“, призна Стеван Гутиќ, претседател на избирачкиот одбор во селото Крајишник кај Босанска Градишка. Се оправдуваше со тоа што бил уморен  доцна во ноќта кога биле внесени податоци.

Додик е обвинет за измама

По затворањето на гласачките места, излезе дека Милорад Додик ги добил гласовите на 140 гласачи, а Тривиќ ниту еден. Сè стана уште почудно кога се дозна дека тоа е родното место на нејзината мајка. За Тривиќ и во градот Челинац, каде што е роден нејзиниот сопруг, биле регистрирани нула гласови, а тој случај се уште се истражува.

Би можело да ве интересира

Додик: Пет милијарди луѓе во светот нема да застанат зад резолуцијата за Сребреница

Додик: Германија, САД и Велика Британија се најголемите виновници за политичката криза во Босна и Херцеговина

Додик: Во БиХ нема вонредна ситуација, Република Српска го почитува Дејтонскиот договор

Додик: Ми се закануваат со апсење

Горан Наумовски

Вулин: Во тек е заговор против Србите, сакаат да го уапсат Додик

Предраг Петровиќ

Додик: Путин го брани суверенитетот на својот народ