Во босанското село Ошве развиорено знамето на ИД

Од:

Знамеро на терористичката група Исламска држава (ИД) е поставено на една куќа во селото Ошве во Федерацијата Босна и Херцеговина, објави босанскиот весник „Независне новине“.

Весникот наведува дека Ошве важи за најголем центар за врбување на радикални исламисти, кои потоа се борат во Сирија и во Ирак.

Ошве стана познато откако неколку радикални исламисти, кои се бореле на страната на ИД, купиле земјиште во селото.

Во зимата знаме на ИД беше поставено и во село Горња Маоча, кое е центар на вахабистичката заедница во БиХ.

Военото знаме на Саудиска Арабија на почетокот од месецот беше ставено на знак на патот во близина на Нови Град, а на зграда во Тузла веќе две години се вее црно зелено знаме, на кое се испишани цитати од Куранот на арапски јазик.

Би можело да ве интересира

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница