Во близина на бугарско-српската граница е застрелан мигрант

Од:

Мигрант бил застрелан од ловџии на границата меѓу Бугарија и Србија. Инцидентот се случил во месноста „Славчето“, каде секоја година се организираат средбите на бугарско-српското пријателство, јави БНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, се уште нема официјално соопштение за случајот.

Секојдневно долж бугарско-српската граница во реонот на општина Треклианско се забележуваат мигранти, кои често се приведени од бугарските власти на пат кон Србија. Инцидентот го предизвикал ловџија кој случајно застрелал мигрант. Мигрантот се криел во шумата и случајно бил застрелан во ногата. Нема опасност по неговиот живот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски