Во БиХ се гради најсовремен затвор на Балканот

Од:

Во сараевската населба Илиџа започна изградба на државен затвор со капацитет за 300 затвореници и 50 места за притвор, кој ќе претставува најсовремена казнено-поправна институција во балканскиот регион.

Со изграбата на оваа установа, властите во БиХ очекуваат да биде намалена пребукираноста во затворите и да биде прекината праксата лица осудени на затворска казна слободно да шетаат по улица затоа што нема места во затворските институции.

Изграбата и опремувањето на затворот ќе чини речиси 40 милиони евра.

Според заменик-министерот за правда на БиХ Срѓан Радуљ, оваа затворска установа ќе ги задоволува највисоките европски стандарди во оваа област.

Радуљ изјави дека Министарството за правда цело време издвојува многу пари за да ги смести затворениците во други затвори, така што долгорочно гледано изградбата на овој затвор ќе има значаен финансиски ефект.

Би можело да ве интересира

Против Додик е поднесена кривична пријава за навреда на Бошњаци

А1он

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор