Во Босна и Херцеговина денеска се регистрирани 1.442 новозаразени од 3.292 тестирани, а починале 42 пациенти со Ковид-19. Бројот на заразени е зголемен во однос на вчерашниот ден кога биле тестирани 3.419, од кои 1.307 биле позитивни.
Во Федерацијата БиХ починале 24 пациенти, во Република Српска 17 и еден во округот Брчко.
Од 2.647 тестирани во Федерацијата, коронавирусот е потврден кај 1.212 лица. Во Република Српска биле тестирани 281 лице, од кои 144 биле заразени. Во округот Брчко се регистрирани 86 нови случаи на зараза, од 364 тестирани лица.