Во БиХ почна печатењето на 14 милиони гласачки ливчиња за изборите во октомври

Од:

Во Босна и Херцеговина започна печатењето на гласачките ливчиња за општите избори што ќе се одржат на 2 август, соопшти Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина.

ЦИК на официјалниот Твитер профил објави видео од печатењето на 14 милиони гласачки ливчиња.

На изборите на 2 октомври граѓаните ќе избираат кандидати на повеќе нивоа на власт – за Претседателството на Босна и Херцеговина, Парламентот на Босна и Херцеговина, ентитетските парламенти и кантоналните собранија.

За Претседателството на Босна и Херцеговина, кандидати за член од редовите на бошњачкиот народ се Денис Беќировиќ, Мирсад Хаџикадиќ и Бакир Изетбеговиќ. Од хрватскиот народ граѓаните ќе избираат меѓу Жељко Комшиќ и Борјана Кришто. А кандидати за српски член на Претседателството на БиХ се Жељка Цвијановиќ, Ненад Нешиќ, Мирко Шаровиќ, Борислав Бијелиќ и Војин Мијатовиќ.

Право на глас имаат и државјаните на БиХ во странство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

Мицкоски: Не сум сигурен дека цела опозиција сака предвремени парламентарни избори

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Опозицијата победи на изборите во Гренланд, фијаско на владејачката партија

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски