Во БиХ најмногу новозаразени со коронавирус во регионот

Од:

Според најновите расположиви податоци, Босна и Херцеговина бележи најголемо зголемување на бројот на случаи на коронавирус во регионот, со 340 новозаразени во таа земја.

Според Фена, во ентитетот Федерација БиХ, за 24 часа биле тестирани 1.601 примероци, од кои 234 биле позитивни. Во ентитетот Република Српска, тестирани се 471 примероци во истиот период, а коронавирусот е потврден кај 106 лица, додека се пријавени седум смртни случаи, објави Институтот за јавно здравје на Република Српска.

Според најновите податоци, во Хрватска има 255 нови случаи, односно активни се 1689 случаи. Во изминатото деноноќие во Албанија беа потврдени 158 нови случаи. Во Црна Гора, при последниот пресек, беше информирано за 42 нови случаи од 570 теста. Во Словенија биле спроведени 1.168 тестирања, од кои позитивни биле 43.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски