Во Белград запленети 20 килограми дрога, меѓу уапсените и малолетничка

Од:

Српската полиција во Белград заплениле околу 20 килограми марихуана и ги уапсиле И.М.(53), У.М.(24) и 16-годишно девојче.

Тие се уапсени поради сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, се вели во соопштението на МВР.

При претрес во стан на Звездара, полицијата во еден куфер пронајде и заплени 18 пакувања марихуана, додека во делови од мебелот биле сокриени седум кеси со дрога.

Исто така, одземена е и вага за прецизно мерење.

И.М и У.М добија притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени во Вишото јавно обвинителство во Белград, додека малолетничката е спроведена во Одделот за малолетници на Вишиот суд во Белград.

Би можело да ве интересира

Дилери од Скопје во импровизирани бункери во Бутел чувале дрога

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош