Властите во Албанија заплениле 22 автомобила што биле украдени во странство.
Претставник на полицијата изјави дека при специјална операција под име „Еврокар – Албанија“, извршена на територијара на целата земја во соработка со Европол, Фронтекс, Евроџест и Интерпол, се запленети 22 автомобила.
Тринаесет од нив биле украдени во Италија, по два – во Англија и Бугарија, а останатите – во Белгија, Србија, Босна и Херцеговина, Грција и Унгарија.