Во Албанија убиени двајца бизнисмени

Од:

Во Албанија денеска се убиени двајца бизнисмени, јави дописникот на МИА од Тирана.

Првото убиство се случило утрово во пристанишниот град Драч, кога две маскирани лица на мотор во движење со четири истрели од огнено оружје го усмртиле 40-годишниот сопственик на градежна фирма Плауренд Цани.

Цани бил застрелан во моментот кога пиел кафе со негови вработени во кафуле во близина на објкетот што го градела неговата фирма.

Второто убиство се случило околу пладне во центарот на рударското градче Булќиза, кога засега неиднтификувани лица пукале во 40-годишниот Ќерим Марку, сопственик на фирма за преработка на хром.

Во инцидентот тешко бил ранет и еден 60-годишен случаен минувач, кој со хеликоптер е преферлен во Воената болница во Тирана.

Последните убиства се уште едни во серијата напади чија цел се познати бизнисмени. Пред неколку дена во Тирана беше убиен и еден сопственик на казина.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски