Во Албанија стапи во сила законот за двојно државјанство, Косово не е на списокот

Од:

Во Албанија од денеска стапува во сила законот за двојно државјанство и со тој акт „почнува албанизација на регионот“, објави приштинскиот весник „Зери“, но наведува дека тоа не им е овозможено на косовските Албанци.

Поранешниот премиер Сали Бериша пред неколку месеци иницираше албанско државјанство да им се овозможи на сите Албанци во регионот и на граѓаните кои живеат во Косово, но неколку недели подоцна косовските Албанци беа отстранети од „списокот“ на оние кои можат да добијат албанско државјанство.

Образложението за тоа беше почеток на процес за визна либерализација за граѓаните на Косово. Весникот во текстот ја критикува одлуката на Бериша дека косовските Албанци не можат да добијат двојно државјанство, јавува Танјуг.

„Зери“ смета дека со примена на овој закон, во Приштина е создаден впечаток дека официјална Тирана ги дискриминира косовските Албанци.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски