Во Албанија продолжува континуираниот раст на нововозаразени со Ковид-19, каде во последното деноноќие опасниот вирус е потврден кај 45,2 отсто од тестираните.
-Во последните 24 часа, од направените 2.153 тестови, позитивен резултат е добиен кај 974 од нив, закрепнале 377 а починаа две лица на 64 и 74-годшна возраст. Моментно активни на болеста се 4.235 а на болнички третман се 24 лица, соопшти Министерството за здравство и социјална заштита.
Го повторува апелот за поголема внимателност и ги замолува граѓаните да се вакцинираат, што може да го направат во сите здравствени установи во земјата.
Според медиумите, матичните лекари пак, тврдат бројот на заразени е многу поголем, посебно во туристичките места каде фреквенцијата е поголема.
Оние од пристанишниот град Шенѓин тврдат дека секој втор пациент кој се јавува за услуга има симптоми на ковид.
Извор: МИА