Во Албанија продадени над 11,7 тони сладолед со етилен оксид

Од:

Албанската национална агенција за храна информираше дека на албанскиот пазар се продадени 11,747 килограми сладолед, со канцерогена содржина.

-По извршените контроли на албанскиот пазар, агенцијата за храна пресмета дека количина од 16,1 тони сладолед штетни за здравјето е дистрибуирана на пазарите во земјата. Од нив продадени се 11,747 тони. Околу 20 тони се уште беа во магацините на субјектите увознички и беа уништени, информираа од Агенцијата.

Се додава дека е откриен етилен оксид во увезениот сладолед „Баунти“, „Сникерс“ и „Твикс“ неколку недели откако овие производи беа повлечени од продажба во земјите на Европската унија.

Од Агенцијата апелираат до граѓаните доколку забележат продажба на сладолед од споменатиот универзален сладолед тоа да го пријават.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици