Граничните власти во реонот на Ѓирокастро, во јужна Албанија, уапсија 20 нелегални имигранти од Мароко, кои на албанска територија влегле од Грција, соопшти агенцијата АТА.
-Најмалку 20 Мароканци беа уапсени на околу пет километри во албанска територија во близина на граничниот премин Какавија, соопштија официјални извори, цитирани од агенцијата.
Нелегалните имигранти планирале да стигнат до пристанишниот град Драч и оттаму да заминат за некоја од европските земји.