Во Албанија нови 15 случаи со Ковид-19, вкупно заразени 212 лица

Од:

Бројот на заразени со „Ковид-19“ во Албанија се зголеми на 212 лица. Според податоците објавени од Министерството за здравство во последните 24 часа, дијагностицирани се 15 нови случаи.

„Во последните 24 часа се тестирани 111 сомнителни случаи, при што ново дијагностицирани се 15 случаи. До денеска, тестирани се 1.436 сомнителни случаи и од нив потврдени се 212 случаи. Десет од заразените починаа додека 40 се излекувани. Во моментов има 76 лица хоспитализирани во Инфектвната клиника во Тирана,од нив шест се на интензивна нега, од кои четворица се интубирани. Останатите се во стабилна состојба до овој момент,изјави заменик-министерката за здравство Мира Ракацоли.

Таа додаде дека мапата на заболените е проширена со градот Мирдита, а бројот на заболени се зголемува во Тирана, Драч и Фиер.

Според местото на живеење најголем број од заразените се од Тирана или 121 лице, од Фиер 22, Корча и Драч по 12, Валона, Елбасан, Скадар Лежа и Круја по пет, Љушња и Каваја по четири, Пук и Тропоја по 3,Рогожина и Хас по два, Берат и Мердита по едно лице.

Албанското Министерство за здравство и социјална заштита уште еднаш упати апел до граѓаните да не одат веднаш во болница туку да се посоветуваат со нивиот семеен лекар, а за информации за новиот коронавирус да се обратат и на специјализираните телефонските линии.

Би можело да ве интересира

Папата го поддржа апелот на Гутереш за примирје ширум светот за време на пандемијата

А1он

Италијанскиот спорт ќе добие помош од 400 милиони евра

А1он

Бунт во затвор во Тајланд поради коронавирусот

А1он

Заразените со Ковид-19 од северно Косово се лекуваат во Србија

А1он

Циципас: Изолацијата тешко ми паѓа, осамен сум и губам разум

А1он

Состојба со Ковид-19 во светот, регистрирани се 672.086 новозаразени , починати се 31.191 а оздравеле 143.870 лица

Ана Василевска