Вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето, приведени се 102 лица

Од:

Во текот на изминатото деноноќие  на територијата на државата вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето, при што
полициските службеници привеле 102 лица, 46 лица биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО, соопштуват од МВР.

Во текот на вчерашниот ден на 180 лица им се издадени решенија заизолација, додека 98 лица потпишале изјави за самоизолација.

Исто така, од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што било евидентирано дека три лица не ги почитувале овие мерки, односно не биле пронајдени во својот дом.

По однос на проверка на објекти во изминатите 24 часа извршени се вкупно 289 контроли и во три случаи е констатирано непочитување на мерките.

Би можело да ве интересира

Папата го поддржа апелот на Гутереш за примирје ширум светот за време на пандемијата

А1он

Италијанскиот спорт ќе добие помош од 400 милиони евра

А1он

Бунт во затвор во Тајланд поради коронавирусот

А1он

Заразените со Ковид-19 од северно Косово се лекуваат во Србија

А1он

Циципас: Изолацијата тешко ми паѓа, осамен сум и губам разум

А1он

Во Албанија нови 15 случаи со Ковид-19, вкупно заразени 212 лица

А1он