Во Албанија денес почна новата академска 2013/14 година. Во факултетските простории денеска за првпта стапнаа 40 илјади бруцоши, додека вкупниот број на студенти на повеќето државни универзитете е над 160 илјади.
Успешна година на студентите им поска министерката за образование и наука Линдита Никола, која престојуваше во Економскиот факултет во Тирана.
-Денес сум посебно среќна што ми припадна честа да ви посакам среќен почеток на новата академска година. Одбрав да бидам тука, драги професори, педагози и студенти, со желба да ја споделам со Вас пораката на новата Влада: Ние многу очекуваме од Вас, порача Никола.
Министерката не го заобколи проблемот со дивоградбата подигната во дворот на Економскиот факултет, ветувајќи решение во полза на студентите и професорите.
– Да се надеваме дека Судот ќе го слушне нашиот глас, но јас ветувам дека ќе го ослободам дворот на факултетот од оваа дивоградба, вети министерката.
Министерството за образование и наука на Албанија и за оваа академска учебна година, определи квота за студенти, како што ги нарекуваат медиумите, сеалбанските простори.
Право на упис во прва година на албанските универзитети, во 102 насоки, имаа 400 студенти од Косово, Македонија, Црна Гора и Прешевската долина ( Прешево, Медвеѓе и Бујановац).