Власи: Состојбата на северот на Косово е конфузна и напната

Од:

Советникот на косовскиот премиер, Азем Власи оцени дека по последната рунда на разговори помеѓу Белград и Приштина во Брисел, состојбата на север на Косово е конфузна и напната и дека од неа може да произлезат немири.

Според него Србија треба да започне со менување на своите ставови, за решавање на косовското прашање.

-Или Србија ќе ги смени своите ставови во поглед на нереалните барања или се ќе остане како што беше. На Србија и се брза, кон европската интеграција, според тоа таа треба да ги смени ставовите, а не Косово, изјави тој за агенција „Анадолија“.

Тој истакна дека ниту една власт не може да се меша во внатрешните прашања на Косово, па ниту на север каде што има три мали општини со српско население.

Според неговите зборови Приштина никогаш нема да прифати на север на Косово да се пренесат и некои клучни државни ингеренции како што се полицијата и судството и дека кој и да се приклучи во дијалогот,позицијата на Косово ќе остане непроменета.

-Од САД, Брисел, Германија и други членки на ЕУ имаме поддршка за укинување на паралелните нелегални институциина север на Косово, кои Србија ги поддржува и да се прошират уставните надлежности на Косово и на тој дел да се воспостават некои форми за соработка и организација- изјави Власи.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски