Власи: Јужниот дел на Србија – ново потенцијално жариште

Од:

Косовскиот политичар и некогашен лидер на комунистичката младина на СФРЈ Азем Власи смета дека јужниот дел на Србија би можел да стане ново потенцијално жариште, бидејќи со заострување на односите со етничките Албанци во овој дел државниот врв на Србија ризикува голем судир.

– Кога станува збор за Прешевската долина, нека не сметаат дека тие таму со Албанците можат да прават што сакаат, а да не ризикуваат широк судир. Доколку таму ги „нападнат“ Албанците, тогаш тие не „нападнале“ сите нас! Тоа нека го знаат!, истакна Власи.

Тој смета дека Србија ги заострува односите со Албанците во јужниот дел од земјата, само затоа што тие го користат своето национално знаме и сакаат да имаат „споменик на албанските жртви“.

За Власи платформата за Косово е „уште еден беозбразлук и небулоза, која не сме имале можност да ја видиме уште од времето на Милошевиќ“, додавајќи дека поради тоа преговорите меѓу Белград и Приштина би можеле да прекинат.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски