Високиот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутериш на средба со Ципрас

Од:

Високиот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутериш, кој е во посета на Грција и за време на викендот го посети островот Лезбос, кој е една од главните точки за влез на мигрантите од Турција, денеска ќе има средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

– Европа треба да ја зголеми хуманитарната помош која ја обезбедува за Сирија и соседните земји, како Јордан, Турција, Ирак, кои примаат голем број бегалци, рече Гутериш при посетата на островот Лезбос.

Тој истакна дека ЕУ треба да покаже солидарност и со Грција.

– Унијата мора помогне при постапките за азил, а и овие луѓе да бидат распределени на фер начин во сите земји членки, изјави високиот комесар на ОН за бегалци.

Лезбос е мал остров, кој прифатил од почетокот на годината над 250 илјади бегалци и мигранти.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он