Високи функционери на српската ДП на мејл добиле некролози за партијата

Од:

Високи функционери на Деморкатската партија на своите и-мејл адреси добиле некролози за партијата, испратени од непозната интернет адреса.

Портоаролката на ДП Александра Јерков потврди за Танјуг дека некролозите пристигнале на електронските адреси на функционерите, но нагласи оти не може да се каже, кој стои зад оваа акција.

– Ги информираме основачите, членовите и симпатизерите на ДП дека во понеделник на 6 мај ќе биде одржан помен на нашата драга и никогаш прежалена ДП. Поменот ќе биде одржан на 6 мај на Крунска 69 во Белград, се наведува во некрологот, кој е испратен до функционерите на партијата.

Како ожалостен во некрологот се наведени лидерот на ДП Драган Ѓилас и 13 отсто од гласачкото тело на територијата на Србија, со напомена дека таа бројка бележи тенденција на опаѓање.

Јерков нагласи дека има работи во политиката кои не смеат да се прават, а меѓу нив е и испраќањето некролог.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ