Викторија Нуланд доаѓа во Приштина за Специјалниот суд

Од:

Помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд на 12 и 13 јули ќе престојува во Приштина.

Посетата на Нуланд, како што оценува косовската телевизија е дел од пресијата на странците за формирање на Специјалниот суд за воени злосторства од страна на косовскиот парламент.

Високата гостинка ќе се сретне со претседателката на Косово, Атифете Јахјага, со премиерот Иса Мустафа и со вицепремиерот и шеф на дипломатијата Хашим Тачи.

– Нејзината посета ќе биде одлучувачка за да се убедат неубедените од Демократската партија да се отвори патот за формирање на Специјалниот суд, наведува телевизијата, алудирајќи на дел од пратениците на партијата на Тачи кои гласаа против формирање на Судот.

Како што дознава косовската телевизија владата можеби ќе се обиде во петок да помине ова прашање, но најголеми изгледи за такво нешто се очекуваат, наредната недела, по посетата на Нуланд на Приштина. 

Би можело да ве интересира

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД