Виенски „Курир“: Војната во БиХ врска на виенската салафистичка сцена со ИД

Од:

Војната во Босна и Херцеговина во деведесеттите години од минатиот век е причина за врската меѓу виенската салафистичка сцена и групацијата Исламска држава, пишува виенскиот весник „Курир“ во врска со минатонеделното апсење на 14 лица осомничени за регрутирање џихадисти и финансирање на терористички организации, меѓу кои главен осомничен е Мирсад Омеровиќ, познат како Ебу Тејма.

Весникот, повикувајќи се на извештајот на Хашкиот трибунал, потсетува дека на страната на муслиманските сили во БиХ се борела една единица на муџахедини, која се состоела од борци од странство.

Тие биле регрутираани од Осама бин Ладен и обучувани во Судан, а тогашниот судански диломат Елфатих Х, кој бил акредитиран во Виена, организирал во Австрија, без какви било препреки, доставување пари и оружје од Саудиска Арабија.

По војната босанските власти сакале да се ослободат од платениците, одземајќи им ги босанските пасоши, а ЦИА некои од џихадистите ги сместила во Гвантанамо. Одеднаш и австриските власти почнале да го сметаат Елфатих Х. за товар и му забраниле престој во Австрија.

Преостанатите џихадисти успеале, како што пишува „Курир“, да заземат повеќе села во БиХ, а врската меѓу босанско-австриските приврзаници на Бин Ладен се негувала преку една босанска младинска организација и радикалните проповедници.

Според Службата за зачувување на уставноста и борбата против тероризам тие дејствувале под знамето на ИД во изминатиот перод, бидејќи Ал Каеда загубила на важност по смртта на Бин Ладен.

Како пример весникот го наведува недоамнешното апсење во БиХ на оџата Хасан Билал Босниќ, кој за време на војната бил член на муџахединска бригада и кој потоа бил жесток приврзаник на Бин Ладен. Тој во септември е уапсен во рамки на операцијата „Дамаск“ под сомнение дека регрутирал Австријци, 160 млади Босанци и 50 Италијанци во редовите на ИД.

– Тоа укажува дека претходните приврзаници на Бин Ладен, заедно со своите организации, се ставиле во служба на ИД, а истото го сториле и нивните ограноци во Австрија, додава „Курир“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски