„Видов пожар и втрчав во зградата“ – детали за големата трагедија во Нови Пазар

Од:

Четири деца на возраст од шест месеци до пет години се задушиле од чад во Нови Пазар, кога избувна пожар во стан на првиот кат од зграда во населбата Јалија.

Според неофицијални информации, четири деца биле пронајдени мртви во станот.

Таткото на повредените деца е тешко повреден, со изгореници од втор, трет и четврти степен на 45 проценти од површината на телото. Во тешка состојба е и повредената мајка – на 18 отсто од телото има изгореници од втор и трет степен.

Неофицијално, во моментот на пожарот мајката успеала да скокне низ прозорецот, додека таткото останал во станот и тој е тешко повреден.

Сите четири деца починале на лице место, па лекарите можеле само да констатираат смрт.

Двајца случајни минувачи го забележале пожарот и заедно со соседите тргнале да помогнат, но поради силниот пожар не можеле доволно да се приближат.

– Го видов пожарот, ја отворив вратата и видов двајца момци како трчаат горе. Пожарот бил во ходникот. Го скршивме стаклото за да го земеме противпожарниот апарат и се качивме горе. Брзо дојдоа противпожарната служба, брзата помош и полиција – изјави еден од очевидците на пожарот.

Би можело да ве интересира

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Прогласена е вонредна состојба на Лонг Ајленд

Горан Наумовски

Противпожарните екипи се борат со неколку пожари на Лонг Ајленд

ЦУК: Пожар во куќа кај катлоновско Блаце

(ВИДЕО) Голем пожар над Сараево, пожарникарите се борат да го спречат ширењето на пожарот

Спречен поголем пожар во пехчевски „Суви Дол“