По двата земјотреси што вечерва ја погодија Албанија голем дел од жителите, посебно на Драч излегоа на улиците видно вознемирени. Епицентарот на земјотресите е повторно во близина на Драч, каде земјиштето се тресе уште од силниот земјотрес во кој имасе жртви од ноември минатата година.
Последните земјотреси беа почувствувани силно и во Црна Гора и во Македонија, посебно во Дебарскиот регион каде предизика паника кај населението.