Двајца хирурзи се истепаа на Клиниката за детска хирургија во Приштина.
Судирот наводно започна со жестока расправија за време на состанок и кулминираше во ходникот пред колегите и медицинскиот персонал кои на почетокот биле толку шокирани што им требало малку време да се соземат и да ги разделат хирурзите. На снимката се гледа како се удираат еден со друг, пред двајцата наскоро да се најдат на подот во жестока тепачка.
Сè уште не е познато како реагирало раководството на клиниката или дали хирурзите биле казнети.
