Знамето на виножитото пристигна на стадионот Ташмајдан каде вечерва се одржуваат концертите на Еуропрајд со што симболично заврши прошетката низ Белград.
Учесниците на парадата ги обезбедуваа големи полициски сили со оглед дека противниците на Прајдот исто така излегоа на улиците на главниот српски град и во неколку наврати се судрија со полицијата.
#uzivo počela šetnja #EuroPride pic.twitter.com/iMuHq1pjfd
— TV N1 Beograd (@N1infoBG) September 17, 2022
Српските медиуми јавуваат за жестоки пресметки на десничарите кои демонстрираат против Маршот на гордоста со полицијата. Досега има десетици приведени.
Организаторите на Еуропрајд во последен момент добија дозвола од полицијата за одржување на парадата. Информираа дека побарале и добиле согласност за промената маршута.