(ВИДЕО) Захариева: Сè уште не сме во можност да ја одобриме рамката за преговори за С. Македонија

Од:

„Сè уште не сме во можност да ја одобриме рамката за преговори за С. Македонија“, ова беше изјавено на пресконференција од вицепремиерката на Бугарија, Екатерина Захариева.

„Позицијата на премиерот и бугарската влада е добронамерна, но тој нема да толерира компромиси кои водат кон антибугарска кампања. Би било тешко за целата Европска унија да има отворени прашања. И во моментов има примери кои не се пријатни“, рече таа.

Според неа, сè уште постои шанса да се постигне договор за рамката на преговорите.

„Не е долго време, но фактот дека германското претседателство е посветено дава добри индикации. Најмногу би било на штета на Скопје ако не сакаат да се вклопат во дефинираната рамка“, рече министерката Захариева.

Таа оцени дека има проблеми во спроведувањето на Договорот за добрососедство со нашата земја.

„Не можеме да ги затвориме очите и да не забележиме дека има проблеми во спроведувањето на Договорот за добрососедство, добрососедските односи со Бугарија мора да се почитуваат. За жал, сведоци сме на упорно и систематско непочитување на Договорот и не зборувам само за историската комисија. Имаме забелешки за имплементација и напредок на важни инфраструктурни проекти како што е Коридорот 8. Постојат случаи во кои се создаваат административни бариери за бугарските инвеститори, како и неподготвеноста на Северна Македонија да се придржува до формулата за јазик во договорот“, рече Захариева.

„Слушаме обвинувања дека Бугарија не ја признава реалноста. Ние тоа го препознаваме, макар и само со фактот дека ние први го признавме постоењето на државата. Во исто време, забележуваме дека незабележувањето на историската вистина има одек во сегашноста“, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија

Мицкоски: Државата е блокирана од нерационален и билатерален спор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Јотова советите да ги упати до буарските власти да дозволат Македонците да се организираат во невладини

(ВИДЕО) Радев: Нема потреба од посредништво меѓу Скопје и Софија