(ВИДЕО) Вучиќ: Ситуацијата на северот на Косово зоврива, на Србите им е доста

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е во посета на Норвешка, каде што денеска и утре ќе разговара со државниот врв.

Вучиќ во своето обраќање до јавноста рече дека со кралот на Норвешка и со премиерот разговарал за важни прашања.

„Знаете дека Норвешка подобро и попрецизно ја дијагностицира ситуацијата од кој било на теренот и дека некој го чува мирот. Според тоа, разговаравме за Косово, за самиот процес на дијалог. Како и обично, не ја префрлив вината на другата страна“, рече Вучиќ.

„Ако Курти каже дека прашањето за статусот е завршено за него, јас сум благодарен. И за мене е завршено прашањето за статусот. Се потпирам на Повелбата на Обединетите нации и резолуцијата 1244. Можам само да кажам дека немам премногу надеж, туку само страв од идните настани. Курти се надева дека западните сили ќе ја принудат Србија“, рече Вучиќ.

„Ситуацијата на север, што се однесува до српскиот народ, буквално зоврива… На Србите им е доста. На сите им е преку глава. Тие малтретираат и мачат луѓе. Кога ќе составите сè, ќе сфатите дека тоа е систематски прогонство, луѓето имаат душа, велат доста е. Курти се повикува на сè што му одговара, во никој случај не се придржува до потпишаното во Брисел“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Роналдињо до Вучиќ: Доаѓам на Експо, се гледаме наскоро!

А1он

Вучиќ изнесе пет барања на собирот „Нема да ја дадеме Србија“

А1он

Вучиќ: Нивната обоена револуција заврши – не можете да му ја скршите кичмата на српскиот народ

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ: Благодарам Србија!

А1он

Дефиле на знамиња во Белград – развиена најдолгата српска тробојка

А1он

Не сте надлежен – студентите по медицина му одговорија на Вучиќ за посетата на повредените од пожарот во Кочани