(ВИДЕО) Вучиќ: Народот мора да знае дека ќе се бориме за него

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се обрати пред медиумите по обраќањето на седницата на Советот за безбедност на ОН.

– Ја видовте нашата аргументација, нашите одговори – одговорни и сериозни. Ја видовте аргументацијата заснована на лична омраза, на лаги за Сандуловиќ и разни други глупости, рече Вучиќ.

Тој посочува дека Британија и Швајцарија биле најстроги кон Србија.

„Ми се чини дека можевме да зборуваме со факти за тоа што се случува на Косово. Ова нема да ги реши проблемите, но народот мора да знае дека ќе се бориме за нив, рече Вучиќ.

Тој вели дека Србија се борела во Њујорк, а не тој.

„Имав само еден час да го облечам костумот. Се подготвував за настапот во авионот. Ова е една мала, но значајна победа за Србија“, рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека е можно продолжување на дијалогот, доколку се формира Заедница на српски општини, на што се чека 11 години.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Вучиќ ги пречека земјоделците кои пристигнаа за саботниот митинг во Белград

Горан Наумовски

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Орбан со порака до Вучиќ: Не сте сами, може да сметате на унгарските патриоти