(ВИДЕO) Врсничко насилство во Белград: Осмоодделенка истепа ученичка од шесто одделение, па и ги скрши очилата

Од:

Нов случај на врсничко насилство е регистриран во основно училиште во Калуѓерица, Белград. На видеото се гледа тепачка меѓу две девојчиња во основно училиште. За инцидентот зборуваше директорот на училиштето Радивоје Миљиќ.

„Известени се Центарот за социјална работа, полицијата, родителите, како и Министерството за образование. Според нашите сознанија, наводно била убедена од друго девојче да и удри шамар на ученичка од друго училиште. Просветните инспектори денеска го посетија другото училиште. Многу ни е жал што се случи ова, ќе се обидеме да работиме со детето, ангажирани се сите тимови. Секако постапуваме според законот. Со неа работевме, и педагошки и психолошки службата работеше со неа, имаме блиска соработка со родителите и некаде има проблем“, рече Миљиќ.

Осмоодделенка од друго училиште нападна ученичка од шесто одделение. Таа и удрила шлаканица, по што на помладата девојка и паднаa очилата.

„Девојчето насилник е осмо одделение во основното училиште од Калуѓерица, а девојчето кое „доби“ шлаканица е шесто одделение, но од друго училиште“, рекол извор кој сакал да остане анонимен.

Постара девојка и удрила шлаканица на помладото девојче на кое му паднаа очилата.

„Очилата ги нема, е.ате. Ако се повтори, ќе те скршам“, рекла девојката која ја удрила шестоодделнката.

Би можело да ве интересира

МВР: Полицаец со пендрек му нанел тешки повреди на маж

Пијан маж во Белград со нож и секира им се заканувал на сопругата и на синот

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски