ВИДЕО: Воен авион принудно слета во Турција, објавена драматична снимка

Од:

На социјалните мрежи денеска се прошири драматично видео од турски воено транспортен авион Ц-160. Како што објави новинарот Рагип Сојлу на Х, поранешен Твитер, турскиот авион принудно слетал поради дефект.

Според Сојлу, инцидентот се случил веднаш по неговото полетување во градот Кајсери во централниот дел на Турција, југоисточно од главниот град Анкара. На видеото се гледа како транспортен авион лета ниско, над фреквентен пат.

Турското Министерство за одбрана потоа објави дека авионот бил само лесно оштетен при принудното слетување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски