(ВИДЕО) Во Србија е уапсен Игор Деспотовиќ осомничен за терористичко здружување

Од:

Игор Деспотовиќ (25) денеска е уапсен под сомнение за терористичко здружување. Како што соопшти вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, тој пред две години веќе бил уапсен бидејќи бил администратор на неколку милитантни групи на Интернет кои повикувале на џихад.

Вооружени припадници на полицијата ја скршиле вратата од станот на Игор, го фрлиле на подот и му ставиле лисици на рацете.

– Во Белград е уапсено уште едно лице осомничено за терористичко здружување. Станува збор за Игор Деспотовиќ од Белград, роден 1999 година, кој веќе беше уапсен пред две години бидејќи бил администратор на неколку милитантни групи на интернет кои повикувале на џихад – изјави Дачиќ.

Продолжува полициската акција на повеќе локации во Србија, изјави министерот Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Додик и Стевандиќ се државјани на Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Дачиќ го покажа „мистериозниот“ уред: Може да се купи на eBay, батериите не ни работат, и служи како звучник

Предраг Петровиќ

Дачиќ откри детали од апсењето на човекот кој го нападна министерот Селаковиќ

Дачиќ: Ова е најголемата криза од крајот на војната, Вучиќ оди во Бања Лука

Дачиќ: Нема да има преодни или кризни влади

Српските специјалци го ликвидираа убиецот од Јагодина