ВИДЕО: Во Пеќ повредени 28 ученици при уривање дел од ѕид во спортска сала

Од:

Најмалку 28 ученици на основни и средни училишта во Пеќ се повредени по уривањето на дел од ѕид на влезот на спортската сала Карагач, соопшти косовската полиција.

Според информациите на Регионалната болница во Пеќ, седум ученици претрпеле сериозни повреди, но се надвор од животна опасност.

Директорот на болницата Скендер Дрешај потврди дека состојбата на учениците е стабилна, додека едно тешко повредено лице е префрлено во клиниката во Приштина.

Учениците оделе на хуманитарен концерт за нивни соученик, кој боледувал од леукемија.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски