На социјалните мрежи е објавено видео кое, како што се наведува, е направено во Нови Сад. На него се гледа како група мажи фрлаат млад човек во контејнер.
Инаку, пред да заврши меѓу ѓубрето, младиот човек со рака удрил во автомобил кој минуваше, а потоа го преврте контејнерот. На социјалните мрежи е објавено дека младиот човек бил во алкохолизирана состојба. Откако го преврте контејнерот, беше запрен од маж по што двајцата се враќаат заедно кај контејнерот и им се придружува уште еден маж.
Кога младиот човек го врати контејнерот на своето место, двајцата мажи го подигнаа и го ставија во кантата.