ВИДЕО: Во бели ковчези, закопани шестe трагично настрадани тинејџери

Од:

Местото Ракитно кај Посушје во Херцеговина, завиткано во тага од морето на солзи, денеска се прости од шестемина тинејџери кои трагично починаа на новогодишната ноќ поради задушување со гас, заедно со уште двајца нивни врсници, кои беа погребани вчера.

Колони од тажни луѓе, пишува Кликс, се собраа во Ракитно во локалната црква Свети Јован Крстител за да се збогуваат со Жана, Марија и Стипе Павковиќ, Ивана Миличевиќ, Мија Солдо и Стипе Ромиќ.

Епископот мостарски, Петар Палиќ, молејќи се над шесте бели ковчези, рече дека „сите денес ја чувствуваме нашата беспомошност, обидувајќи се да најдеме зборови што се способни да изразат болка“.

По молитвата, свештениците со тажните поворки тргнале кон локалните гробишта, каде биле погребани телата на шесте млади луѓе.

Мирела Резо и Стјепан Јукиќ беа погребани вчера во Посушје на локалните гробишта.

Трагедијата се случи на новогодишната ноќ во викенд куќа во Трибистово во близина на Посушје, во западна Херцеговина, каде осумтемина тинејџери се задушија од неисправен плински уред.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина