ВИДЕО: Вехабисти донираа помош за Срби

Од:

Срби од околината на Добој, добија хуманитарна помош од радикални исламисти од Зеничко-добојскиот кантон, а тоа го потврдува и снимката која што е поставена на „Јутјуб“.

Десет припадници на оваа група посетиле пет семејства и им донеле пакети со храна, вода и лекови.

Иако вехабиските заедници често ги споменуваат по лоши работи, тие на жителите во околина на Добој на кои поплавите им уништија речиси се, им доставија помош со што предизвикаа изненадување кај луѓето.

Иако се изненадани, луѓето се благодарни на овој потег, пишуваат „Наше новине“.

-Останавме без ништо. До сега никој не не посети, вие сте први кои ни донесовте помош-вели Милена Милошиќ од село Осојница.

И нејзината соседка исто така вели дека трагедијата ги остави без храна и вода и дека им е неопходна помош.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ