(ВИДЕО) Ужас во Омиш: изгорени куќи, автомобили, бродови

Од:

Еден од најтешките пожари во историјата на Хрватска остави огромна материјална штета во областа од Локва Рогозница до Омиш. Во пожарот се повредени 19 лица, а изгореа бројни куќи, автомобили и чамци.

Главниот пожарникарски командант Славко Тукаковиќ за „Индекс“ утрово изјави дека повеќе нема отворен пламен и дека пожарникарите продолжуваат со гасење на жариштата.

„Зад нас е една исклучително тешка ноќ. Имаме комплицирана ситуација на подрачјето од Локва Рогозница до Омиш. Пожарникарите активно работат на запирање на пожарот“, изјави Тукаковиќ, додавајќи дека станува збор за еден од најтешките пожари во историјата на Хрватска.

Хрватската пожарникарска заедница соопшти дека пожарот бил пријавен во четвртокот околу 20:15 часот на подрачјето на Локва Рогозница. Огнот зафатил трева, ниска вегетација и борова шума, а поради силниот ветер брзо се ширел и се приближил до објектите.

Поради зголемениот број евакуирани лица отворени се прифатни центри, а во Омиш се наоѓа и десантно-јуришниот тим на Хрватската морнарица, кој е ставен во готовност за евентуален превоз на евакуирани.

Во 6 часот утрово кон пожарот биле упатени четири канадери, но набргу потоа сите биле пренасочени кон Пелешац, каде што исто така избувна голем пожар.

Пожарникарите утрово продолжуваат со догасување и контрола на теренот.

Би можело да ве интересира

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он

Дигиталната забава бара повеќе од добар дизајн: Како возрасните ја избираат вистинската онлајн платформа

Опасниот отпад ја ниша хрватската влада

Пријава против мотоциклист, и покажа среден прст на полициска камера – казната е најмалку 700 евра

А1он

Српски инфлуенсер уапсен во Сплит поради четнички тетоважи: ќе биде протеран од Хрватска

Предраг Петровиќ

Бугарин во Хрватска како лажен лекар мамеше постари жени – уапсен е

А1он