ВИДЕО: Убиецот пред масакрот бил во кафуле и честел „Рекол – одам за завршам нешто“

Од:

Пет лица загинаа денеска во Домот за стари и изнемоштени лица денеска во Дарувар. Маж влегол во Домот и почнал да пука во луѓето. Пет лица загинале на лице место, а еден од повредените почина во болница. По нападот убиецот побегнал, но полицијата набрзо го фатила.

Убиецот е 51-годишниот Крешимир Пахоки од Доњи Дарувар. Неговата мајка била жителка на домот.

Пахоки е пензиониран воен полицаец.

Неофицијално,се дознава дека Крешимир прво дошол во кафе барот Дарувар, каде си нарачал пијачка и ги почестил гостите кои во тој момент биле во кафулето. Велат дека бил сосема мирен и рекол: „Ќе одам да завршам нешто“.

Откако го извршил масакрот во Домот, мирно излегол на улица и се вратил во блиското кафулето. Таму бил пронајден и уапсен од полицијата.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ