ВИДЕО: Уапсено е лицето осомничено дека ја поставило бомбата во Истанбул

Од:

Турската полиција уапси лице осомничено дека ја поставило бомбата што вчера експлодираше во пешачка зона во центарот на Истанбул, при што загинаа најмалку шест, а беа повредени десетици луѓе.

Бомбата експлодираше вчера околу 16:20 часот по локално време на авенијата Истиклал, улица со бројни кафулиња, ресторани, кина и продавници. Според моментално достапните податоци, најмалку шест лица загинале во експлозијата, а 81 лице е повредено, од кои двајца потешко.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди „кукавичкиот напад“. „Првите информации упатуваат на заклучок дека се работи за тероризам“, рече Ердоган. Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот.

Утринава министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека полицијата го уапсила лицето кое ја поставило бомбата. Осомничениот е лице поврзано со забранетата Курдска работничка партија (ПКК), а министерот Сојлу се закани со одмазда, јави ТРТ.

Во ЕУ и во САД, ПКК има статус на терористичка организација, забележува агенцијата ДПА. Авенијата Истиклал беше цел на терористички напад и во 2016 година, кога бомбаш самоубиец уби четири лица, а рани 39. Турската влада тогаш објави дека напаѓачот е поврзан со Исламската држава, но не презеде одговорност, посочува dpa.

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг вчера изјави дека жената која седела на клупа во близина на местото на експлозијата околу 40 минути е под истрага. Експлозијата се случила само неколку минути по нејзиното заминување.

На видеото од надзорна камера, која го сними моментот на експлозијата, се гледа торба покрај клупа на прометната авенија Истиклал во центарот на Истанбул.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ