(ВИДЕО) Турски воен транспортен авион се урна на границата меѓу Грузија и Азербејџан

Од:

Турски воен товарен авион се урна денес во близина на границата меѓу Азербејџан и Грузија, објави турското Министерство за одбрана, пишува AP News.

Министерството објави на социјалната мрежа X дека авионот C-130 полетал од Азербејџан кон Турција. Сè уште не е познато колку членови на екипажот биле во леталото. Операција за пребарување и спасување е започната во координација со азербејџанските и грузиските власти, соопшти министерството.

Воените товарни авиони C-130 се широко користени од страна на Турските вооружени сили за транспорт на персонал и логистички операции.

Турција и Азербејџан одржуваат тесна воена соработка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Воен авион со 110 војници се урна во Колумбија

А1он

(ВИДЕО) Драма во Анталија: Пукање во владина зграда, напаѓачот се заклучи внатре, специјалните сили ја опколија зградата

ВИДЕО: Узбуна во НАТО базата Инџирлик во Турција

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски