ВИДЕО: Турција уште се бори со големиот пожар во Измир, евакуирани цели населби

Од:

Од воздух и од копно се интервенира на големиот шумски пожар во оклината на Измир со кој Турција се бори веќе два дена. Според последните информации, од турските медиуми евакуиран е голем дел од населението во погодените подрачја.

Пламените јазици, кои брзо се проширија поради силниот ветер, стигнаа до станбени области и предизвикаа значителна материјална штета.

Жителите се во паника и се евакуирани, додека локалните власти мобилизираа сè што имаат на располагање за справување со огнената стихија. Општина Измир и противпожарните служби работат без пауза, обидувајќи се да го стават пожарот под контрола, но лошите временски услови сериозно ја отежнуваат интервенцијата.

Пожарот зафати и подрачја во близина на Аеронаутичкото техничко училиште и популарната пикник-зона Сарнич, што доведе до прекини во воздушниот сообраќај. Аеродромот „Аднан Мендерес“ во Измир откажа голем број летови, а за останатите се пријавени доцнења. Авиокомпаниите апелираат патниците да ги следат најновите информации преку своите веб-страници и аеродромските табли.

Би можело да ве интересира

Турски инфлуенсер e ставен на црна листа на авиокомпанија откако запали цигара во авион

А1он

Чистка во Анкара: Ердоган ги смени клучните министри

Турција разби шпионска мрежа, уапсени шест лица

Фидан: Турција се противи на насилство врз Иран, дијалогот е единствениот пат

Светот e загрижен поради создавањето на нов воен пакт

Летовите се откажани, а наставата е прекината во неколку провинции во Турција поради лоши временски услови